Книга 45

 

 

     1847  3 май 2016 Перспективата на Елма е уникатна по многу нешта (а неговите објасненија не само што ми се мудри, туку и убави, - мила вибрација!) 23:59 от В.У. Здраво Григориј, Пред се да ги честитам празниците и да ви пожелам се најдобро. Се надевам дека е во ред да ви поставам и прашање. Станува збор за текстовите (осијанијата) на Елма. Ги читав со воодушевување пред две години (или 3?). Иако, не ги читав осијанијата по ред и не ги прочитав сите, -(а имаше и јазични бариери)- текстовите, што ги прочитав, ми помогнаа да ги осветлам од друг агол и некои други учења од други Учители, што претходно сум ги читала. Сепак имаше и некои сосема нови и оригинални погледи што не бев ги срела во други Учења. Додека ги читав осијанијата, имаше многу ’АХА моменти’ на моментно откровение, имаше и делови од осијанијата, што само интуитивно леко ги допрев со умот и срцето, но имаше и некои делови, кои и покрај моите настојувања не успеав да ги разјаснам. Многу сакав да го разберам и научам редот и функционирањето на ВСЕЛЕНИТЕ (ясновселена; хипервселена; физическа вселена; тотвселената; супервселена; панвселена;…). Можеби требаше со ред да читам, а јас по случаен избор. По некое време се обидов повторно да ги читам осијанијата, во кои се споменуваат ВСЕЛЕНИТЕ, и за да си разјаснам, вадев и прибелешки. Еве некои од прибелешките, што тогаш сум ги вадела: (“Ултравселената – божествената вселена - се дели на три: хипервселена, ясновселена и тотвселена“... “Проявеният Бог в духовния свят или супервселената се нарича Дух Божий. Истината е Неговият първи плод. Ясновселената моделира красотата навсякъде, само защото е в състояние на дълбок вътрешен божествен мир.“... “Частиците идват от тотвселената, а вълните - от ясновселената. Ясновселената и тотвселената създават яснината, ултравселената и супервселената – виделината, а панвселената и вселената – светлината.” ...”От ултравселената управлявам само едната половина. Това е половината на Проявения Божествен свят”...) – Признавам: ни белешките не ми помогнаа јасно да ги претставам и разберам работите. Станува збор за битна космогонија. Сум читала и други космолошки прикази на световите и вселените од други Учители. Перспективата на Елма е уникатна по многу нешта (а кнеговите објасненија не само што ми се мудри, туку и убави, - мила вибрација!). Се прашувам дали можеби некој, кој ги проучувал овие текстови, направвил и резимеа или толкувања?!? Си реков дека можеби има и некоја ШЕМА (мапа, скратен визуелен приказ со кратки, суштински објаснеија, каде може лесно да се појми како се распределени вселените, по што се карактеризира секоја од нив, како се поврзани.....) И така, некое време си помислувам да го поставам ова прашање и да го пратам – којзнае можеби Универзумот ќе ми одговори преку Григориј Ватан. :-) Поздрав и лека ноќ, Григориј...

Горният вълнуващ текст от В. стана причина да се получи лично послание за нея от Елма година и половина по-късно: „Трепет от подлудяване”, 20.Х.2017. Ако настоящата книга 45 се напълни, то ще бъде включено в следващата.

СЪДЪРЖАНИЕ
/